Се собираат потписи за референдум

Во текот на денешниот ден се собираат иницијални потписи за иницијативата за референдум со работен наслов “Достоинство за Македонија”, составен од 4 референдумски прашања.
Потписите се собираат во текот на денешниот ден подрачните одделенија на ДИК во Кичево и Струга. Собирање на потписи имаше вчера во скопските општини: Карпош, Центар, Гази Баба, Чаир и Кисела Вода.
Собирањето на потписите трае до 20.00 часот. Во Кичево се собираат во  соба бр. 6 во зградата на Општина Кичево.

Прашањата кои би оделе на референдум се:

1)Дали сте за или против Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија?
2)Дали сте за или против автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија со кое се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор извршители на воени злосторства против цивили во конфликтот од 2001 година?
3)Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија?
4)Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон?

Иницијатор на собирањето потписи е политичката партија „Достоинство”.

Exit mobile version