Брука: Струшкиот градоначалник ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села пред вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“ најави дека лично тој и општина Струга оваа година ке го бојкотираат фестивалот.

Села се закани доколку наредната година фестивалот не го почитува Законот за употреба на јазиците, тогаш нема да дозволат фестивалот воопшто и да се одржи во Струга.

Села бара читањето на говорите да биде двојазично, на албански и македонски јазик.

-Она што јас го барав од директорот и Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата е говорот освен на македонски и англиски да биде и на албански јазик. Тоа не го прифатија со чудно образложение дека отварањето ќе се емитувало на првата програма на МТВ. Ќе барам одговорност од директорот за непочитување на законот за јазиците, а од другата година ако не најдеме решение, кое стои во законот можеби ќе спречиме да не се одржи оваа манифестација, рече Села

Exit mobile version