Во Кичево се одржа Семинар за законот за финансиска дисциплина

Во организација на Регионалната стопанска комора во Кичево при Стопанската комора на Македонија на  се одржа едноденевен семинар за Закона за Финансиска Дисциплина кој се применува од 1 Мај 2014 година.

Предавач на семинарот беше доц. д-р Костадин Дуковски, претседател на Советот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија кој пред десетина компании од јавниот сектор и финансиски раководители од приватниот сектор кои учествуваа на семинарот им ги појасни дилемите во неговата конкретна примена и имплементација.
Со овај семинар присутните учесници од Законот за Финансиска Дисциплина поконкретно ги запозна роковите за исполнување на паричните обврски, правото на надоместок за доцнењето и јурисдикцијата на финансиската дисциплина.

Семинарот е дел од настаните за едукација што ќе ги организира Стопанската комора на Македонија во регионот на Регионалната комора со седиште во Кичево .

Exit mobile version