Симјаноски сепак оди во Вардар


Сагата околу капитенот на Напредок, Жарко Симјаноски  конечно заврши и тој во наредните две сезони ќе го носи дресот на скопски Вардар. Денес оваа информација  како гром од ведро небо проструи низ кичевската чаршија а ги затече и првите луѓе на клубот.

– И ние сме непријатно изненадени и затечени од веста која изутринава ја добивме од Скопје. Дури и самиот претседател на Напредок, Илија Китаноски, е затечен од оваа информација, бидејќи Симјаноски му дал цврсти гаранции дека и натаму останува во Напредок а деновиве прими и солиден паричен надомест, кој сметавме дека ќе го стимулира да остане во клубот. Ако веќе е така, Вардар треба да го плати пропишаното обесштетување за и официјално да го добие Симјаноски за следната сезона, а нам ни преостанува да побараме алтернативно решение за фудбалерот врз чии квалитети ја градевме стратегијата за следната првенствена сезона- рече Кочо Зердески, директорот на Напредок.

Зоран Антоски