Симјаноски во трилема Скопје, странство или во старото јато

Одличните настапи во континуитет повеќе од две сезони, надополнети со високото трето место на Напредок во есенскиот дел од сезоната, побудија голем интерес за капитенот на Напредок, Жарко Симјаноски, кај голем број клубови како од земјава исти така и од странство.Така што Жаре во моментов е во вистинска трилема, дали да се пресели во Скопје , да прифати позив од странство или да остане во старото јато.

-Да бидам искрен и самиот сум пријатно изненаден од големиот интерес кој владее за мене од голем број клубови, како од земјава исто така и од странство.Не е тајна дека екипите на Вардар,Работнички,Металург и Ренова уште зимава сакаат да ме видат во своите редови.Во тој поглед секако најупорен е шампионот Вардар, кој сака да го повтори ланскиот успех да создаде супериорна екипа , која може да направи нешто и во Европа. Но нее е мал ни бројот на клубови од странство, кои го бараат мојот потпис.Од надвор најголем интерес пројавија екипи од Русија,Украина,Унгарија и Казахстан-вели Жарко Симјаноски,левоногиот играч за врска на Напредок, кој секојдневно ги мери сите понуди кои пристигнуваат на негова адреса.

-Засега на ниту еден клуб не му давам предност,така што сите рамноправно конкурираат за мојот потпис.Моја првенствена цел е да преминам во клуб, што ќе се бори за највисок пласман и ќе биде дел од некое европско натпреварување.Ако зимава не добијам поволна понуда од странство ,тогаш би ја прифатил понудата на еден домашен прволигаш а предност му давам на скопски Вардар, бидејќи е најпопуларен и најтрофеен клуб кај нас .Титулата ќе донесе и настапи во прелиминарните кола за лигата на Европски шампиони, што е отскочна даска за трансфер во некој познат европски клуб-додаде Симјаноски.

Тој остава мала резерва до крајот на оваа првенствена сезона да остане и во матичниот клуб Напредок, каде ја започна својата фудбалска кариера.

-Деновиве треба да заминам на проба во странство, по што ќе биде многу појасна ситуацијата , дали ќе продолжам во некој клуб надвор од Македонија или ќе се вратам во земјава, каде ќе ја завршам оваа првенствена сезона-заврши напредоковиот капитен за кого продолжува зимската лицитација.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Exit mobile version