Дали Симјаноски заминува од Напредок?
Деновиве сите во клубот се во исчекување дали левоногиот фудбалер за врска, сино-белиот дрес на Напредок зимава ќе го замени со црвено-црниот на шампионот.
– Не треба да потсетувам колку во овој момент Симјаноски е важен за нашиот состав, но ако се најде заеднички прифатливо решение, не е исклучено овој фудбалер да се пресели во Вардар. До среда, до кога и Напредок ги почнува зимските подготовки, ќе се знае дали уште на полусезона ќе останеме без капитенот – рече Кочо Зердески, спортскиот директор на Напредок.
Зоран Антоски
Извор: Нова Македонија