ФОТО: Симона Станковска Мис на полуфиналната вечер во Кичево

На полуфиналниот избор за „Мис на Македонија-2013“ што синоќа во се одржа во клубот Стефано во Кичево, во конкуренција беа 10 девојки од речиси сите градови во земјава.

Во изедначена борба Симона Станкоска матурантка од Скопје ја освои титулата Мис на Македонија 2013 од полуфиналната вечер во Кичево.Нејзини придружнички беа тетовчанките Ана Трајкоска прва придружничка и Христина Димитриевска втора придружничка. Моника Кочовска од Гевгелија ја освои титулата Мис фотогеничност, а како најшармантна беше прогласена крушовчанката Душица Ристиќ.
Трите најдобро пласира на полуфиналниот избор во Кичево се изборија за директно учество на финалната вечер„ Мис на Македонија-2013“ што ќе се одржи во Дојран кон средината на Август..
Текст и фото: Зоран Антоски