Синохидро вработува тројца инженери и управувач со градежна машина

Кинеската  компанија Синохидро Корпорејшн Лимитед со седиште во село Извор, Кичево која е главен изведувач на работата за изградба на автопатот Кичево – Охрид има потреба од тројца Инжинери по Заштита при работа и еден Управувач со градежна машина.

Потребните кфалификации за работното место Инженер по Заштита при работа се:
– Образование: Соодветна висока стручна подготовка од заштита при работа, технички или друг отсек, која одговара на дејноста на работодавачот
– Работно искуство: со работно искуство – мин. 5 години
– Поседување на: Овластување за стручно лице за безбедност при работа
– Познавање на компјутерски вештини: MS Office, Internet
– Познавање на странски јазици: Познавање на Англиски јазик (пишување и комуникација)
– Поседување на возачка дозвола: Б-категорија

Сертификат за интерен/екстерен аудитор за OHSAS ќе се смета за предност

Други вештини и карактеристики:
Одлични интерперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните правни прописи во Р.М. врзани за областа безбедност и здравје при работа.

Крајниот рок за аплицирање на овој оглас е 20 ноември 2014

 

Потребните кфалификации за Управувач со градежна машина се:

– Соодветно работно искуство со дигалка (кран)
– Неопходно е познавање на англиски јазик
Работни задачи:
– Работа со сите видови на дигалки за изградба и комерцијална употреба
– Вршење на сложени операции со кревање/дигање во координација со сите други задачи спроведени во исто време
– Способност да се организираат сите процеси со кревање со сите безбедносни мерки на претпазливост.

Крајниот рок за аплицирање на овој оглас е 21 ноември 2014
Вашето CV на англиски јазик пратете го на следниот емаил: sinohydrowork@gmail.com

Телефон за контакт: 070834639