Сменет директорот на ЈП Комуналец Кичево, кадар на ДУИ нов директор

Зендел Јонузи од денес е новиот директор на ЈП „Комуналец“ Кичево.  Тој доаѓа на местото на досегашниот прв човек на ова комунално претпријатие, Васко Станкоски. Зендел Јонузи е  кадар на ДУИ , досега работел во ПЕ на Фондот за здраствено осигурување во Кичево , каде што во еден период беше и прв човек. Досегашниот директор Васко Станкоски оваа функција ја обавуваше  од 1.06.2010 година, или на ова место беше нешто повеќе од три години.
Инаку кичевски Комуналец моментално вработува 217 работници , откако кон градското претпријатие се припоија  и комуналните претпријатија  од општините кои се  споија со Кичево, после изборите од 24 март оваа година.
Зоран Антоски
Exit mobile version