Првите буриња за шкотско виски изработени од македонски даб

Дека македонскиот даб, пред се во кичевско-бродскиот регион, е од врвен светски квалитет, најдобра потврда е фактот што првите буриња за шкотски виски изработени пред повеќе од век и половина, добиени се од македонски даб.

Така што во старт користен е материјал од дабови штици од селото Белица бродска, од планината Кожув и од граничниот појас со Албанија.

-Структурата на влакното на македонскиот даб е најсоодветна за добивање на буриња од највисок квалитет. Нашиот даб расте доста споро, што гарантира дека неговиот квалитет е многу подобар од оние брзо расни шуми, кои даваат големи количини на дрво но без соодветен квалитет. При првата експлоатација на дабови трупци за шкотски виски, користени се и повеќе од 2000 пара волови, со кои е овозможено трупците од планината да бидат спуштени во полето, за потоа со бродски транспорт да бидат транспортирани до последното одредиште- вели Добре Јолески, експерт за производство на дабово буре.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version