Сонцето од Вергина на кокошкино јајце од с.Тајмиште

Вчера семејството на Горан и Силвана Антески од село Тајмиште кичевско, го добија најубавото јајце од своите кокошки, кога една граорка им снесе јајце на кое од едната страна се наоѓаше шеснаесеткракото сонце од Вергина а од другата страна актуелното знаме на Македонија.

-Како и секое утро така и вчера најнормално ги собирав снесените јајца и наеднаш погледот ми застана на едно јајце кое по својот изглед се разликуваше од останатите.Го зедов јајцето од кокошарникот и го извадив надвор, за подобро да го видам на дневна светлина.Тогаш убаво забележев дека на едната страна од јајцето се наоѓа шеснаесеткракото сонце од Вергина а на другата страна како да беше изгравирано знамето на Република Македонија.Целта ми беше овој подарок од мојата кокошка да го презентирам и на пошироката јавност, и вие ја имате таа чест екслузивно да објавите фотографии од нашето раритетно јајце , кое ќе остане како траен спомен во нашиот дом-рече Силвана Антеска, сопственичка на јајцето.

Инаку ова семејство долги години чува кокошки, но ова е прв пат да добијат вакво уникатно јајце.

Tекст и фото: Зоран Антоски

Exit mobile version