Нова жртва во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообрќајната несреќа што се случила вчера околу 17 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид кај селото Песочан.

Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила со охридски регистарски таблички. Повреденото лице е пренесено во болница во Охрид.

На местото на несреќата е извршен увид, по што сообраќајот е нормализиран.