Во тешка сообраќајка загина момче, двајца се повредени
Едно момче загина, а двајца се повредени во тешкаа сообраќајна несреќа која синоќа 45 минути по полноќ се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на млинот Жито Караорман.
Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако 30-годишниот возач М.Д. изгубил контрола над Мерцедесот, удрил во електричен столб, по што автомобилот се превртел.
На лице место животот го загубил 22-годишниот сопатник Л.Е. од Кичево. Со телесни повреди во несреќата се здобиле возачот и вториот сопатник 29-годишниот А.А.
На истите им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево, по што биле пуштени на домашно лекување.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.