Во Кичево намален бројот на сообраќајни прекршоци

Возачите во Кичево се сѐ подисциплинирани, а тоа најдобро го потврдуваат бројките од изминатите години, кога се бележи значително намалување на бројот на сообраќајните прекршоци.

– За разлика од 2011 година, бројот на сторителите на сообраќајни прекршоци во 2012 година во Кичево е помал за 34,7 отсто, додека бројот на сторителите е намален за дури 35 отсто. Или во бројки, во 2012 година се поднесени 56 кривични пријави за 57 кривични дела, а во однос на 2011 година се бележи намалување, кога имавме 62 кривични пријави за 63 кривични дела – информира Стефан Димоски, портпарол во СВР-Охрид.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version