Потешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Едно лице е тешко повредено во директен судир на автомобил и автобус што се случи утринава кај Ново Село.

Според информациите на СВР Тетово, утрово околу осум часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски мост, се судриле автобус со охридски регистерски таблици и патничко возило „Форд-фокус” со битолски таблици, кое го управувал 50-годишниот П.И од Битола.

Возачот на „фордот” се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Гостиварската болница е пренесен во Битолската болница.

Екипа од Полициската станица Гостивар извршила увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините поради кои дошло до несреќата. Првично, причина е неприлагодената брзина и недржење страна, а вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари.

Exit mobile version