Срби брутално претепале кичевчани пред клубот „Хавана“ во Охрид
Во Охрид пред ноќниот клуб „Хавана“, во 05.30 часот утрово, српските државјани И.Р. (25), М.А. (21), Д.С. (25), М.Ѓ. (26) и Д.А. (26), физички ги нападнале Б.А. (23) и А.Ј.(26) двајцата од Кичево.
МВР денеска соопшти дека при нападот тие што ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а употребиле и стаклено шише, при што им нанеле видливи повреди.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
Од страна на Полициската станица во Охрид во тек се мерки за расчистување на случајот.