ФОТО: Срби провоцираа со грчко знаме на македонската химна

Нова провокација на натпревар кога игра македонска репрезентација. Српски навивачи развеаја грчки знамиња додека се интонираше македонската химна во Ниш.

На ракометниот натпревар меѓу селекциите на Македонија и Србија, знамињата на нивната „пријателска“ Грција им беа одземени на српските навивачи, пренесува Пулс 24.

Друг српски портал пишува дека на почетокот на натпреварот во салата „Чаир“, веднаш по интонирањето на химната, полицаец-цивил им пришол на група млади навивачи која извадила две грчки знамиња и ги предупредил дека ќе бидат приведени доколку не ги тргнат.

По натпреварот, на Фејсбук, еден од навивачите пишува дека најважно им било грчкото знаме да биде видено за времетраењето на македонската химна.

Exit mobile version