Значењето на новите инфраструктурни проекти за Кичево – средба во регионалната Стопанска комора

Во канцеларите на Регионалната комора со седиште во Кичево се одржа работна средбата на Заменик Министерот на Локална Самуправа, Ѓорѓија Сајкоски со Претсдателот на регионалната комора Игор Соколески и Фирмите членки.

На средбата Заменик Министерот на Локална Самуправа, Ѓорѓија Сајкоски ги изнесе плановите на Владата  како и Министерството за Локална Самуправа за унапредување на развојот во кичевскиот регион.

Започнатиот проектот за изградбата на Автопатот Кичево-Охрид кој ке донесе доста можности за развој и вклучување на фирмите од кичевскиот регион, 49 проценти ќе учествуваат македонски фирми, како и отворањето на рудникот  за манган Стогово кој за 3 години треба да почне со експлоатацијата на руда. Додека големи идни проекти кое се од страшко значење за регионот се отворањето на рудникот во Тајмиште и Осломеј, како и најавениот тендер за концсија и изгрдба на Автопатот Кичево- Гостивар, најголемиот придонес  за развој се искористувањето на минералните суровини и подобрување на инфрастуктурата, истакна Заменик Министерот на Локална Самуправа, Ѓорѓија Сајкоски.

Со сите гореспоменати проекти кои треба да стартуваат во наредните неколку години, очекуваме бројот на невработените во Кичево значително да се намали,компаниите да бидат во добра економска  кондиција,а тоа ќе  придонесе и миграцијата од Кичево кон надвор, во голема мера  да се намали-рече во својата завршница Заменик министерот Сајкоски.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, како и  Бизнисмените од кичевскиот регион изразија голема благодарност и задоволство од остварената средба, каде се донесе иницијатива да продолжат средбите со Владата и ресорните министерствата, со цел подобрување на можностите за развој на бизнисот и инвестиците.