СРЦ Крушино и во септември масовно посетено од граѓаните на Кичево

Иако СРЦ Крушино не е на рамништето од пред 10 или повеќе години, сепак граѓаните на Кичево не сакаат да ги променат навиките.
Така што секојдневно на релација Кичево – Крушино се упатуваат стотици граѓани од сите возрасти, кои во најголем дел одат пеш, но има и такви кои со автомобили и велосипеди доаѓаат во центарот.
И во овие раносептемвриски денови Крушино бележи одлични посети. Младите се рекреираат, играат кошарка, мал фудбал, трчаат по патеката и сето тоа го прават со единствена цел да ја подобрат својата линија и ја зголемат физичката кондиција.
– Секој слободен момент го користиме да дојдеме во Крушино да уживаме на чистиот водух и да одиграме партија баскет. Ако Србија го има Златибор,  тогаш ние го имаме Крушино, само да се рестартира мотелот и да се средат терените, а нашиот град ќе го добие она што го мечтаатповеќето градови во  земјава- посочуваат младите кичевчани, кои ги сретнавме на терените во Крушино.
Зоран Антоски