С.ссс.. сспава госпоѓо, сссспава... (21)


Само оригиналните досетки во „критичен момент“ се паметат, евоцираат, прераскажуваат …
На еден, на крајот од годината при пописот му фалело, кусок бил 1.500 кг. риба како одговорен во „општествен“ (сечиј и ничиј) рибник. … „Видрата ги изеде“ – рекол. /Таа колку Ајкула да не била !!? – возвратиле од пописната комисија.
Друг, при недостаток на шини од пругата (Кичево – Охрид) и пронаоѓање иссесечени парчиња во неговиот двор рекол: - „Децата ги украле/Како можат деца да подигнат 100 кг !!??/Од кај знат деца што се 100 кила“ …
Полека ама сигурно и во градските кокошарници фалело, се намалувала бројната состојба на пердувестата живина. - ….„Ако е сипка* ќе најфме нешто од кокошката, ако е ласица пак ќе останеше трупот, пердуф, ама вака ништо да немат, од чоечка дијанија* е“…се жалеле засегнатите граѓани.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Конечно фатен, однесен в милиција, му удриле дајак* и „пропеал“. Тој тепкав, пелтечел природно од мајка, а пак при возбуда, страв … оди разбери го.
… „Е кажи сега како ги крадеше кокошките ?/Ќе појф в темнина, ќе е фатев, ќе и го завртев вратот и само ќе чуја: …ЧААКРРРРРРРР …Одма дур не е остината ја нудев по војнине згради на жени од војни лица, оти тие имат пари* …
Утредента „истече“ информација од внатрешен крт во Милицијата: ..ко ги крадел кокошките низ град со детален опис од признанието ?!!! Дур умре завалијата* го носеше прекарот .ско Чаакррррррр

19 : 45 сатот, Војна зграда. Се слуша ѕвонче, се отвора вратата, излегува госпоѓа Кобетиќ:

-„Шта си то донео ..амедине ?

-Кккоккицa

-Па шта јој је, сва је увенула !!?/

-С .ССС .. ССПАВА ГОСПОЃО, СССПАВА

… а од другaта соба се слушнал машки, заповеднички глас: - „Дај човеку паре, зар не видиш да му требају за филм у 8 : 00 “

…оваа автентична случка е раскажана од семејството Кобетиќ*

Сипка* = болест кај пердувестата живина, се појавува како засипнатост за да после 2 – 3 дена заврши со сигурна смрт …
Дијанија* од Турскиот јазик = род, потекло …
Дајак* од Турскиот јазик = ќотек, тепање …
Пари* - по лично кажување на самиот Кобетиќ, со тогашната негова месечна плата како Воено лице, можел да купи 75 јагниња, а за кокошки пресметајте Вие !!!
Завалија* од Турскиот јазик = за жалење, сирот, беспомошен, …
Кобетиќ* - семејството Кобетиќ денес живее во Задар, република Хрватска со најпрекрасни спомени за Кичево и нивниот престој во нашиот град.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

кичевонастаниМарјан Стојаноски Маковистинити случкимајтапинамќорлоцинаравоученијаАко појдам во Чаршија