Стагнира нивото на реките во кичевско

Од денес нивото на реката Треска и нејзините притоки во кичевскиот крај се во стагнација и нема дополнително зголемување на поплавените површини во овој регион.

Во ноќните часови дождот престана да паѓа, што во голема мера придонесе жителите од  овој крај, да не се соочат со дополнителни проблеми.Сепак и во овој момент над 370 хектари обработливо земјиште , ниви и ливади во кичевско-бродскиот регион се наоѓаат под вода.

-Денешната состојба со поплавените  површини во нашиот регион, не е  променета.Нивото на реката Треска е во стагнација, нема зголемување на поплавените површини  и ако нема дополнителни врнежи од дожд, за утре очекуваме нивото на реката Треска постепено да опаѓа и водата од поплавените ниви,  да почне да се повлекува.Инаку во кичевско-бродскиот регион поплавени се близу 400 хектари ,а на некои од површини висината на водниот талог изнесува и над еден метар.Направените штети од овие поплави, дополнително ќе се утврдуваат-рече Драгољуб Попоски, од Регионалниот центар во Кичево на ДСЗ.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version