Водичарски крст од Кичевско стар 116 години

Ова е водичарскиот крст од село Орланци кој припаѓа на Горно Маало. Вистинска реликвија. Потекнува од 1896 година. Ги служи орланчани горномаалци, еве, веќе низ три века. 116 пати ги менувал кумовите за водици. Памти секакви времиња. Впрочем парите со кои е „даруван“ кажуваат за времето. Изработен е од дрво со изгравиран лик на Исус Христос. И оваа година стариот кум го предаде на младиот. Нека биде така уште за многу години.

Инаку селото Орланци е познато по свештениците од кои особено се издвојуваат игуменот на манастирот Света Богородица Пречиста, хаџи-Теодосиј (Теофил) и владиката Дедо Козма (Пречистански), двајца духовни оци кои ја јакнеле верата и духот на населението во тешките години на 19 и почетокот на 20 век.

Село Орланци е веројатно селото кое во минатото имало најмногу цркви (предку 12) кои настрадале за време на Отоманското владеење на овие простори.

Сликата е објавена благодарение на Вецко Здравески!