Се обновува фасадата на староградска куќа во Кичево

Фото: Министерство за Култура

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милеска денеска во Кичево ја посети ја посети куќата на ул. Јанко Михајловски бр. 11, 13 значаен споменик на културата од областа на староградската архитектура каде во тек се активностите за обнова на фасадата во рамките на проектот за реконструкција на фасади во повеќе градови во земјава.

– Објектот е граден меѓу двете светски војни и се наоѓа на многу добра местоположба во Кичево. Сретствата за обнова на овој објект ги обезбеди нашето министрество во износ окулу два милиони денари. Објектот ќе го сочува автентичниот изглед, а овој проект е во рамките на проектот за реконструкција и други слични објекти низ целата наша земја, рече министерката Канческа-Милеска.

Благодарност до Министерството и до Дирекцијата за реконструкција на вакви културно историски споменици упати сопственикот на куќата Беќир Алиу.