На жените, сонот и технологијата им се поважни од сексот

Жените попрво три месеци би се откажале од сексот, отколку од технологијата, утврди заедничката студија на Флешман Хилард и на Херст Магазинот спроведена на 4.300 жени од Велика Британија, САД, Бразил и Кина, пишува Дејли Меил.

На листата на приоритети сексот не заземал високо место бидејќи на припадничките на понежниот пол поважно им се добар сон, пари и технологија.

Дека сексот не им е најважен потврдува и фактот што 80 отсто жени меѓу секс, моќ и пари би избрале пари. Финансиската сигурност е поважна за одржување на семејството, а тоа на припадничките на понежниот пол им е поважно од сопствените потреби.

Жените за успех го сметаат семејството, среќата и финансиската сигурност, а не луксузот, потврди ова истражување.

Exit mobile version