Се тресе столчето на Пелегрини, за негов наследник најавен Симеоне
Менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелгрини по серијата лоши резултати се најде во незавидна положба. Англиските медиуми шпекулираат дека тој се наоѓа пред отказ, а веќе се спомнува и можниот негов наследник.
На насловната страна на „Стар Спорт“ се најавува дека на местото на чилеанскиот стратег ќе дојде Диего Симеоне. Според пишувањата, доколку Манчестер Сити остане без трофеј сезонава, а големи се шансите за такво нешто, Пелегрини ќе добие отказ на клупата на „граѓаните“.
Англискиот шампион во моментов е на 3.мсто во Премиер лигата со дури осум бодови заостанување зад лидерот Челзи кој по 11 кола има 29 бодови.
Манчестер Сити слаби резултати постигна и во четирите рунди од Лигата на шампионите двапати одигра нерешено и двапати загуби. На табелата е последен со само два бода и со најмали шанси од конкурентите ЦСКА и Рома за пласман во следната фаза каде веќе се наоѓа Баерн Минхен.