Студио и опрема на Ал-Џезира откриени во терористичките упоришта во Сирија
ИСТОЧНА ГУТА, Сирија – Додека војниците вклучени во операциите за расчистување на областа Источна Гута ги расчистувале остатоците и урнатините од некогашните упоришта на Ал Каеда, ИСИС и останатите џихадистички групи, наишле на неочекувано изненадување.
Биле откриени лап-топ компјутери, радио-станици, камери, видео-опрема, хард-дискови , покажувајќи дека Катар, долгогодишен поддржувач на дел од вооружените групи, буквално ја вградил својата телевизиска мрежа Ал-Џезира помеѓу терористите.
Претходно, новинарите и експертите беа љубопитни за тоа како Ал Џезира постојано добиваше ексклузивни информации од прва рака, како и оригинални видеа направени од бунтовниците. Од друга страна “Ал Џезира” цело време тврди дека не соработува со организациите кои се прогласени за терористички од страна на западот и дека материјалите кои ги добива се од „анти-Асад“ активистите (како на пример „Белите шлемови“) кои им ги испраќаат на разни начини на нејзините новинари.
Но, фактите на терен покажуваат сосем поинаква слика. Не само што соработувале, туку и не е правена некоја разлика помеѓу Ал-Каеда, ИСИС и останатите вооружени групи кои се борат против Сирија. Најголемиот скандал е што членови на терористичките организации директно се појавуваат како дел од тимот на Ал-Џезира.
Ал-Џезира е кабелска и сателитска телевизија, достапна речиси низ целиот свет. Својот првичен углед го стекна со професионалното покривање на војната во Ирак од 2003 година, како и известувањето од насилствата помеѓу Палестинците и Израел. Но овој углед почна да се нарушува со започнувањето на т.н. „Арапска Пролет“, серија од револуции против дотогашните режими кои владееја со неколку Арапски држави како и покривањето на т.н. „Обоени револуции“ во неколку европски држави (меѓу кои и Македонија) откако телевизијата се стави во функција на едната страна од приказната.