Судија да дајт Господ… (32)


Ако никој друг, тогаш студентите биле редовно присутни на сите спортски активности од кичевските клубови кога играле во Скопје. Денес, се сомневам дека им ги знаат имињата на кичевските спортски екипи.
Ракометен натпревар во Скопје, повеќето од публиката Кичевчани и нормално „домашна атмосфера“. Навивање, дофрлање и комотно чувство дека никој ништо не ни може.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Не мислел така и главниот судија и наочиглед на сите, носел многу тенденциозни одлуки на штета на Р.К. „Партизан“ од Кичево. Ај еднаш, ај два пати, нормално одлуките пречекани со негодување и пак немало фајде од гласно викање, па еден од нашите на едната страна од публиката викнал/прорекнал:
– …. „Судија да дајт Господ ако имаш ќерка ..р да не видит со очи цел живот“
– …. „А ти судија секој ден пред очи да го гледаш“ … довршил наш од другата страна на игралиштето“.
Е демек после ќе речи некој, слатки пари земале спортскиве судии, а клетвиве ако фатат ……!!?

раскажал Зоран С.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version