Шундовски си поднесе оставка
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски попладнево преку соопштение поднесе оставка на функцијата селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Во соопштението се вели:
– Поднесувам неотповиклива оставка на селекторската функција на ракометната репрезентација на Македонија. Одлуката ја носам исклучиво во интерес на репрезентацијата. Селекторската функција ја прифатив во периодот откако им беше понудена на стратези со поголемо портфолио од моето. Јас верував во оваа генерација. Со селекцијата која ја направив исклучиво со македонски играчи и македонски стручен штаб со која го освоив 5.место на ЕУРО 2012
Горд е со успесите кои ги постигнал како прв човек на репрезентацијата.
– Кога се работи за својата земја, не постојат бариери и кочници и ние како репрезентација комплетно вложувајќи се многупати се надминувавме себеси. Горд сум на успесите кои заедно ги направивме, а Македонија ја направивме релевантен фактор во европскиот и светскиот ракомет. На македонската репрезентација во иднина и посакувам многу повеќе успеси и спортски радости