Кичевчанката Сузана Тасеска освои златен медал за најдобар стрелец 2013

На Републичките спортски натпревари одржани во Струга, со титулата  “Најдобар стрелец  2013“  во машка и женска конкуренција, достоинствено повторно се закити минатогодишната победничка  Сузана  Тасевска,  Раководител на Регионалниот центар за управување со кризи  – Кичево.

На натпреварите присуствуваа претставници на Министерството за Одбрана,  Генералштабот на АРМ,  Центарот за управување со кризи на Република Македонија и  претставници од  Хрватска, Црна Гора и  Албанија.

И покрај силната конкуренција во  дисциплината стрелаштво помеѓу екипите на ЦУК, МО,  ГШ на АРМ  и  Воените Пошти,  ССВО за постигнатиот најдобар резултат  на  Сузана Тасевска и додели диплома за освоено прво место и златен медал во поединечна машка и женска конкуренција.

Exit mobile version