Денеска е Св. маченица Цецилија

Sv Cecilia

Свети Цецилија Римјанка се роди во богато и угледно семејство. Рано се одлучи на девствен живот. Подоцна, родителите ја омажија за некое незнабожечко момче, Валеријан. Уште првата ноќ, Цецилија го посоветува да се крсти и во бракот да продолжат да живеат девствено. Тој се крсти, а подоцна кон Христос го привлече и својот брат Тивуртиј. Не помина многу време, а двајцата браќа беа погубени од римската власт заради нивната вера. А света Цецилија не престануваше да ги придобива незнабошците за верата во Христа, па најпосле и таа беше погубена, во 230 година. Моштите и се наоѓаат во Рим, во црквата што го носи нејзиното име.