T-home лидер на пазарот

Македонски Телеком АД-Скопје и Т-Мобиле Македонија имаат водечка позиција во фиксниот и мобилниот сегмент, покажуваат консолидираните финансиски резултати за првите шест месеци од 2012 година, согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Во првите шест месеци од годината, како што посочуваат од компанијата, се забележува значителен пораст во интернет и IPTV  сегментот, како резултат на стратешката определба за пристап на граѓаните во Македонија до иновативните технолошки решенија и услуги, креирани во согласност со потребите и можностите на корисниците.

Македонски Телеком стои на лидерското место со 74 отстотен удел на пазарот во сегментот на фиксна телефонија и во делот на широкопојасниот интернет со удел од 56 отсто. Бројот на интернет корисници во првата половина од 2012 година е зголемен за 5,8 отсто, а  се бележи и пораст на бројот на IPTV  корисници за 50,4 отсто во споредба со крајот на јуни 2011 година.

Во првата половина од 2012 година приходите од продажба на ниво на Групација се намалени за 12,8 отсто во споредба со истиот период од 2011 година. Во првите шест месеци од годинава, оперативните приходи на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Групацијата изнесуваат 6,9 милијарди денари и нето добивка од 1,8 милијарди денари, согласно МСФИ.

Во делот на мобилната телефонија, приходите се намалени, но и покрај тоа, на крајот на јуни годинава Т-Мобиле има 1,223 милиони претплатници, со што остварува водечка позиција со 49,9 отстотен удел на пазарот.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Exit mobile version