Така запросува момче кичевчанче

Дојде дури од Мајами за да ја запроси саканата на плоштад Македонија. Едно од најромантичните и најоригинални запросувања.

Тане Димовски по потекло е од Кичево и тука доаѓа често. Живее во Скопје, а моментално е во Мајами, Флорида. Среќничката е Даниела.  Додека на големиот монитор поставен на плоштадот траеше нејзината омилена песна од Влатко Лозаноски, со порака од Мајами се јави Тане за веднаш потоа во пајтон да дојде и да ја запроси на изненадување на сите.

Погледнете како изгледаше тоа. Тане & Данче, среќан брак и многу дечиња!

Exit mobile version