Тешка сообраќајка кај каменоломите под Стража, 1 загинат и четворица повредени

Еден загинат и четворица повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка која се случила вчера околу 17:30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на каменоломите.

Во сообраќајката учествувале 2 патнички возила,  „опел астра“ со дебарски регистерски ознаки и „рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки.

 

Од повреди кои ги здобил во сударот, загинал гостиварчанецот Сенат П. (32) , а потешко се повредени М.М. (24) и дебарчаните Џ.А. (21) и П.Љ. (25).

Повредените итно се однесени во гостиварската општа болница.