Тешко повреден пешак на Булевар Одлободување

Пешак е повреден и во Кичево вчера во 20:30 часот на булеварот „Ослободување“

Повреден е 57-годишниот Д.Б. во кого удрило патничко возило „опел вектра“ управувано од Т.А. (69).

Повредениот со тешки телесни повреди е пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, а потоа и во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Exit mobile version