Ти **а уште 100 години нас ќе не е*ааш (38)

Kicevo panorama2

Верата беше ти била опиум за народот …
Дојде една сабота, пазарен ден кај мене стар пријател од блискиве села. Во него има пластови историја, само треба одбрано да се „чепне“. Традиционалист и почитуван од сите, поради саглам* зборот што не го крши.
И така ми раскажува тој, малку разочаран, малку едуциран oд интелигенцијата на денешниве верски лица.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

– „Ода ја во една подалечна нива со пченка и што ќе вида, в среде пченка ја потиснал една млада и пуфтат али пуфтат. Одма го познав, ама сакав и тој да ме видит дека го видов. Се накашлав, ја крена глаата, значајно го испулев и си заминав. Одејќи дома по пат, скројв план, штом тој нас на сите ни приповедат што е грев, в петок ќе му реча пред сите дека со негојов грев кај нас в село не му е местото, а тој ќе си заминит сам од резилот“.

Идет Петок, се собираме заврши процесијата верска и ја уште да зема збор пред џемаатот, се јави тој и ме врза чвор:

- Слушајте, има еден предлог и неќу да ми се кршит зборов, … …ета го предлага за главен во одборов верски оти тој е прав маж, со углед во цела наија, …итн.

Олку фалби за мене од татко и мајка не су чул !! Одма сите прифатија и се редат ми честитаат, дојде и тој ми честита, а ја на уше му шепнав: „ ТИ ..А УШТЕ 100 ГОДИНИ НАС ЌЕ НЕ Е.ААШ, и требит штом си олку паметен“.

Саглам* од Турскиот јазик = здрав, цврст …

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

кичевонастаниМарјан Стојаноски Маковистинити случкимајтапинамќорлоцинаравоученијаАко појдам во Чаршија