Роденденот на Тоше ќе биде одбележан со крводарителска акција

Фановите на Тоше Проески во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, традиционално и оваа година ќе организираат крводарителска акција под мотото „Јас штотуку спасив живот. А вие?“.

Крводарителската акција ќе се одржи во сабота во Домот на АРМ во Скопје со почеток во 10 часот и ќе трае се до 18.00 часот.

Истиот ден, во 12 часот, во соборниот храм Свети Климент Охридски ќе се одржи панихида во спомен на Тоше Проески.

 

Exit mobile version