Транспорт на голем брод го запре сообраќајот на Стража

Ако досега автомобили и камиони беа причина за застој, сега Стража ја заглави брод.

Транспорт на брод го заглави сообраќајот на патот кон Стража од страната на Гостивар. Сликате ги испратија читатели.

Застојот трае повеќе од 1 час, а проблемот се јавил при преминувањето на еден од мостовите кои се реновираат.

Поради застојот се формира километарска колона.

Дополнителен револт кај луѓето кои чекаат, а меѓу кои има многу мали дечиња е односот на полицијата која, неофицијално, го пропуштила да помине струшкиот градоначалник на очиглед на сите.

Exit mobile version