Третолигашот Зајас со две екстра засилувања

Екипата на Зајас пред одигрувањето на најважниот натпревар сезонава , оној во баражот за влез во втората лига, обезбеди две мега засилувања од прволигашот Ренова , Исмаили и Емини , искусни прволигашки фудбалери.

-Со единствена цел од следната  првенствена сезона да се натпреваруваме во Втората фудбалска лига, од прволигашот Ренова доведовме две екстра засилувања , Исмаил Исмаили и Вулнет Емини. Не треба да трошам зборови за нивните фудбалски квалитети,сега единствено ни преостанува искусните фудбалери добро да ги подготвиме и воиграме со останатиот дел од екипата,  и така засилениот состав очекуваме да не промовира  во идни второлигаши –рече тренерот Георгиески и продолжи-

-Двајцата ќе имаат право за настап за нашиот клуб токму во периодот кога ќе се игра бараж мечот. Свесни сме дека им недостигаат првенствени натпревари, но тоа ќе го  компензираме со поинтензивна работа во понатамошниот период , ќе одиграме  и неколку пријателски натпревари, за  што поподготвени го дочекаме најважниот дуел сезонава – додаде  тренерот на Зајас.

Инаку во оваа екипа настапува и довчерашниот првотимец на Напредок , Оливер Асков.

Зоран Антоски