Мега автомобилски настан на патеката во Кичево

Од 27 до 30 јуни автодромот во кичевската касарна ќе биде Балкански епицентар на автомобилистите од целиот регион. Така што по една деценија автодромот во Кичево  ќе биде организатор на еден натпревар, на кој ќе учествуваат над 60 автомобилисти од кои повеќето, над 40 од странство.
На овие трки ќе настапат автомобилисти од: Бугарија, Црна Гора, Србија, Косово и Македонија. Списокот сеуште не е конечен и допрва можат да се очекуваат пријави на автомобилисти и од останатите Балкански земји. Со овие
трки автодромот во Кичево повторно влегува во меѓународниот авто- календар. Од натпреварувачите од странство единствениот кој има настапувано на патеката во Кичево е повеќекратниот шампион на Србија, Александар Тошиќ. Се очекува во трите дена крај патеката во Кичево да продефилираат повеќе од десет илјади гледачи од сите делови на земјава, затоа што ваков мега настан несе пропушта.

Текст и фото: Зоран Антоски