Кичевските велосипедисти учетвуваа во „Трофеј Мариово 2012“

Во Прилеп по повод Денот на Независноста традиционално по петти пат се одржа „Трката Трофеј Мариово 2012“ во организација на В.К Илинден од Прилеп и ВФМ. Ова беше деветта трка од календарот, а патеката беше на делницата Прилеп-Битола-Прилеп-Витолиште (Мариово) со должина од 120 км, квалификувана како најтешка патека во Македонија и вкупна висинска разлика од 1200 метри.

Учествуваа 45 натпреварувачи од сите клубови во Македонија, помеѓу кои и Бране Софронијоски (Елит категорија) и Сашо Димитријоски (Мастерс категорија) од кичевскиот клуб Спид Бајк и остварија добри резултати.

Во најелитната категорија првопласиран беше Зоран Ристовски од Вело-М, пред Јоже Јованов кој заостана 30 секунди и Ивица Давидовски кој заврши со послабо време од 1:30 минути. Во генерален пласман Јоже Јованов има 13 бода предност на првата позиција пед Ристовски.

Кај јуниорите вчера победи Никола Ѓукиќ од Вело-М, а во кадетска конкуренција најдобар беше Јован Јовановски од Екодром -Охрид. Во женска конкуренција победи Анета Антевска од Енерџи-Скопје, а во мастер Игор Костов од ВК Водно Скопје. Тие возеа на двојно пократка делница од 60 км.

Exit mobile version