Убавата Индија

Индија отсекогаш била далечна и егзотична земја за нас. Веројатно кога помислиме на Индија, првите неколку слики кои ни доаѓаат се земја на многу сообраќај, возови, егзотични храмови, невообичаени облеки и накит, земја на зачини, реката Ганг… земјата каде Александар Македонски запрел на својот поход кон истокот. Колку ја познаваме Индија? Големата земја, една од лулките на цивилизацијата со неколку илјади години историја оставиле длабок белег на секојдневието на оваа држава.

Во продолжение ви пренесуваме фотографии видени низ објективот на младата индијка Kaurwakee. Еве како таа ја доживува својата земја. Уживајте.