Започна учебата година во двете средни и основните училишта во Кичево

На првиот ден од новата учебна година во обиколка на училиштата беше градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.

– Се уверивме во добриот старт на новата учебна година, што значи сите подготовки беа навремено преземени, од тука и стартот е мошне успешен и без никакви проблеми. Мал проблем претставува превозот на учениците, односно наследениот долг од порано. Но, во општината се надеваат дека многу брзо и овој проблем ќе биде решен, информираат од општина Кичево.