Учениците од ОУ Кузман Јосифоски – Питу оставени без греење

Повеќе родители се обратија до нашиот портал со цел да алармираат за состојбата со греењето која се соочува ОУ Кузман Јосифовски – Питу од Кичево. Училиштето воопшто нема нафта за греење веќе подолго време. Поради настанатата ситуација, Советот на родители одлучил да не ги праќа децата на настава додека проблемот не биде решен.

Децата до петокот посетувале настава со скратени часови, но поради ниските температури невозможно е да се држи било каква настава. Доколку оваа ситуација продолжи, учениците ќе бидат принудени испуштената настава да ја одработат за време на викендите.

Според законот за децентрализација, општините ја преземаат обврската за загревање на училиштата. Засега, нема конкретен одговор од општина Кичево која е надлежна, кога ќе биде решен овој проблем и кога ќе почне непречено да се одвива наставата во училиштето.

Exit mobile version