Утре и задутре делови од Кичево без вода за пиење

Поради спојување на водоводна линија со главниот цевковод, во среда и четврток, без вода за пиење ќе останат жителите од улица Партизански Одреди, дел од Улица Влашки пат, населба 22 Декември и населба Горно Пашино, делот под Крушино, селата Осој, Мамудовци, Трапчин Дол и армијата од кичевскиот гарнизон.
Од ЈП Комуналец – Кичево известуваат дека во овие денови нивни цистерни со вода ќе поминуваат низ наведените места со цел снабдување со вода на граѓаните.

Exit mobile version