ФОТО: Како се празнуваше Велигден низ Православниот Христијански свет

Православните Христијани викендов го прославија Велигден (или Светата Пасха) ширум светот. Православните верници веруваат дека Пасхата е најстарата и најважната прослава во Христијанството, заедно со службата која се одржува на Христовиот гроб во Ерусалим уште од третиот век по Христа.

Во пресрет на Велигден, илјадници христијани се собраа во древната Црква на Воскресението во Ерусалим на церемонијата на Светиот Оган. Тие веруваат дека огнот е испратен од небото да ги запали свеќите кои ги држи Грчкиот Православен Патријарх на Ерусалим. Обредот во ваква форма се смета дека потекнува уште од деветтиот век.

Рускиот претседател Владимир Путин им го честита празникот на Русите и на сите Православни Христијани ширум светот:

“Велигден дава радост и надеж за милиони луѓе, инспирира за добри дела и благородни потфати. Велигден не насочува кон вистинските духовни вредности кои играат посебна улога во историјата на Русија и ја хранат националната култура, ” – напиша Путин.

“Црквата постојано се грижи за зајакнување високите морални и етички идеали и семејни традиции во општеството и воспитување на помладата генерација. Црквата прави многу да ги реши социјалните проблеми “, додаде тој.

Православни верници на Руската православна црква палат свеќи за време на Православната литургија во црквата Свети Петар и Павле во Карлови Вари, Чешка Република. Во градот живее голема руска популација, но е и доста посетуван од руски туристи,5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Православен верник бакнува еден од столбовите во црквата на Воскресението во Ерусалим непосредно по започнувањето на Православната богослужба, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Велигденска литургија во храмот Свети Ѓорѓија, Екуменски Патријархат во Истанбул, 5 мај 2013. Фото: Екуменски Патријархат во Истанбул (Константинопол)
Велигденска литургија во храмот Свети Ѓорѓија, Екуменски Патријархат во Истанбул, 5 мај 2013. Фото: Екуменски Патријархат во Истанбул (Константинопол)
Велигденска литургија во храмот Свети Ѓорѓија, Екуменски Патријархат во Истанбул, 5 мај 2013. Фото: Екуменски Патријархат во Истанбул (Константинопол)
Велигденска литургија во храмот Свети Ѓорѓија, Екуменски Патријархат во Истанбул, 5 мај 2013. Фото: Екуменски Патријархат во Истанбул (Константинопол)

 

Златоустова литургија во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, Република Македонија со која раководи Архепископот охридски и македонски г.г. Стефан, 5 мај 2013, Фото: МИА
Златоустова литургија во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, Република Македонија со која раководи Архепископот охридски и македонски г.г. Стефан, 5 мај 2013, Фото: МИА
Српски свештени држи велигденски јајца во црквата Свети Сава во Косовска Митровица. Црквата се наоѓа во јужниот дел на поделениот град кој е доминантно населен со Албанци – муслимани, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Велигденски јајца во храмот Свети Сава во Косовска Митровица, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Рускиот претседател Владимир Путин заедно со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и неговата сопруга Светлата, присуствуваат на литургијата која ја служи Патријархот Московски и се-Руски Г.Г. Кирил во црквата на Христос Спасителот во Москва, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Селанец пие вотка на гробиштата во селото Погост, 250 километри јужно од Минск, Белорусија. Како и кај нас, така и таму е традиција утрото на првиот ден од Велигден да се посетуваат гробовите на најблиските, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Велигденска литургија во Манастирот Свети Јован Бигорски (X век), Република Македонија. Секоја година се повеќе верници го пречекуваат Велигден во ова свето место во близина на Дебар, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Свештеник држи икона на Свети Сава, за време на велигденската литургија во црквата Свети Сава во Белград, Република Србија, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Коптскиот Православен Патријарх, Тавадрос II, држи кандило со темјан за време на Коптската Велигденска Литургија во главниот Православен Храм во Каиро, Египет, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Коптски свештеник за време на Велигденската литургија во главниот Православен храм во Каиро, Египет, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Патријархот Московски и се-Руски, Г.Г. Кирил за време на Велигденската литургија во црквата Христос Спасителот во Москва, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Верник на Етиопската Православна Црква држи свеќа за време на Велигденската литургија во Етиопскиот дел на црквата на Воскресението во Ерусалим, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Православни Христијански верници подаваат раце кон светлината за време на обредот на палењето на Светиот Оган во црквата на Воскресението во Ерусалим, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Православно детенце држи кокошка за продавање на пазарот во Лалибела, Етиопија, воочи Велигден, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Баба Зосија Кузмич (85 години), припрема погачи во пресрет на Велигден во селото Погошт, 250 километри јужно од Минск, Белорусија, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Православни верници се молат покрај 11-те камени цркви во пресрет на Велигден во Лалибела, Етиопија, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс
Луѓе вртат носејќи свеќи околу црквата на Свети Александар Невски во Софија, Република Бугарија, 5 мај 2013. Фото: Ројтерс
Верници на Источната католичка црква се собираат пред велигденската литургија во храмот во селото Пустомити, во близина на Лавов, Украина, 4 мај 2013. Фото: Ројтерс