Се одржа Велигденскиот хепенинг во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу”

Во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу” во Кичево завчера- Велики четврток ,  беше организиран традиционалниот Велигденски хепенинг, кој предизвика голем интерес кај учениците, родителите  и  жителите на овој град.

Креативноста на ученици и вредните раце на учениците и овој пат дојдоа  до полн израз . Големиот број штандови шаренеа и изобилуваа од убави изработки кои сѐ симбол на големиот празник, направено од малите детски рачиња потпомогнати од нивните наставници и родители. Беа понудени многу интересни творби, кои нѐ доближија до големиот христијански празник Велигден.Во холот на училиштето се лееше детската насмевка, детскиот џагор, лицата на сите беа озарени со весела насмевка од кои се читаше гордоста на се она што е заедничко сработено.

Имаше ракотворби од секаков вид: цветни оригами направени од хартија во боја, големи јајца сплетени од мрежа, јајца од керамика во вид на икебани, дрво украсено со велигденски јајца, кошнички…На штандовите можеа да се забележат и торти,колачи ,погачи, пити изработени од вредните родителки, баби и наставнички.

Сите изложени ракотворби  имаа велигденска порака и затоа интересот на граѓаните да купат нешто од изложеното беше огромен.

Речиси не можеше да се забележи некој посетител или родител да го напушти училишниот хол без да купи нешто од понудените изработки на учениците.

Фотографии од настанот