Велигденски концерт на КУД „Рацин“ од Кичево
Културно-уметничкото друштво „Рацин“ од Кичево утре, петок, ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт.
Играорците пред кичевчани ќе се претстават со следнава програма:
– Посеље
– Водарки
– Оркестарско оро
– Народни песни
– Малешевка
– Свадба
– Оркестарско оро
– Народни песни
– Фолклорна плетенка
– Драчевка
Концертот ќе започне во 20 часот во големата сала во Центарот за Култура „Кочо Рацин“ од Кичево. Влезот е слободен.