Второ и трето место за претставничките на Кичево на Вешта жена – 2013

На завршната манифестација„ Вешта жена-2013“ што овој викенд се одржа во Тетово, претставничките од Кичево остварија извонредни резултати.Така во конкуренција за Гран при,  Божана Милошеска со аранжманот „Сина Лагуна“ го освои второто место , додека во истата конкуренција Младенка Трајкоска се пласира на третото место.Првото место во конкуренција за Гран при отпатува за Струмица,додека титулата „Вешта жена 2013“ ќе ги краси витрините на претставничката на Битола.

Зоран Антоски

Exit mobile version