ВИДЕО: Гаснење на големиот пожар над Кичево

Два армиски хелихоптери и најмалку еден авион канадер се вклучени во гасењето на големиот пожар кој вчера избувна над населбата Иванидол и продолжи да се шири во насока на селото Другово. Зафатена е борова шума. Гасењето е отежнато поради непристапноста на теренот. Од утрово пожарот се гаси од воздух. Неизвесно е дали пожарот ќе биде ставен под контрола во текот на денешниот ден. Глетката е тажна. Кичевчани гледаат како пред нивните очи исчезнува шумата која самите ја посадиле во втората половина на минатиот век.

Дознаваме дека пожар избувнал вчера и во близина на селото Атишта, но не е познато дали е изгасен.

Exit mobile version