ВИДЕО: „Муслиманското братство“ ја пали црквата Свети Ѓорѓи во Сухаг, Египет

Приврзаниците на „Муслиманското братство“ во Египет предизвикаа вистинска тортура врз коптските христијани и црквите ширум земјата.

Исламистичките подржувачи на соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси во средата започнаа со подметнување на пожари и напади на цркви, што резултираше со уништување на најмалку три храма. Меѓу опожарените цркви е и онаа во градот Сохаг, „Св. Ѓорѓи”.

Египетската државна новинска агенција Мена извести за напади врз три цркви, вклучувајќи и уништување на споменатата црква. АФП објави дека напаѓачите фрлат молотови коктели врз „Св. Ѓорѓи“ во градот Сохаг, кој има голема коптска заедница на западниот брег на Нил.

Христијаните и нивните цркви и имоти, со почетокот на „Арапската пролет“ се континуирано мета на напади од  страна на радикалните исламисти на „Муслиманското братство“ кое е во блиска корелација со „Ал Каеда“